Надбискупот Мамбрети го информираше Црвенковски дека Радио Ватикан ќе започне со емитување на програма на Македонски јазик на интернет страницата на Радио Ватикан.
На средбата македонскиот претседател истакна дека Католичката црква во земјава е значаен субјект, еден од факторите определен и постојано ангажиран на развивање на кооперативност меѓу сите верски заедници.
“Овој период е битен за нашата земја. Очекуваме да се реализира стратешката определба за покана за НАТО, како и почеток на разговорите за членство во ЕУ за што Светата Столица постојано и дава поддршка на Македонија“, рече претседателот Црвенковски.
Радио Ватикан односно RadioVatikana е основано од Папата Пиус XI во 1931. Емитува своја програма над 50 часа дневно – симултано, на различни фреквенции. Содржините се од вести, преку преноси на литургии до музика. Моментално Радио Ватикан има програма на преку 30 јазици вклучувајќи бугарски, хрватски па дури и есперанто. (www.radiovaticana.org)
С.К.