Најстариот електронски медиум во градот, Радио Охрид, денеска одбележува  51 година од постоењето.

Радио Охрид за прв пат почна да емитува програма во охридскиот етер во далечната 1957 година. Оттогаш овој медиум повеќе од половина век објективно и навремено ги информира граѓаните на Охрид за секојдневните случувања во нашиот град. Минатата година Радио Охрид од јавен сервис се трансформира во приватно трговско радиодифузно друштво во сопственост на компанијата АМАК СП, која на јавен повик откупи 55 проценти од акциите на радиото.

Екипата на Ohridnews, на колегите од Радио Охрид им го честита јубилејот со желби за понатамошна успешна работа.

Ohridnews