Во емисијата  на македонското радио во Сиднеј Австралија посветена на Македонија утре „во живо“ ќе гостува градоначалникот на Охрид Александар Петрески, соопшти локалната самоуправа. Во емисијата ќе станe збор за актуeлните случувања  и развојот на Охрид.

Емисијата во која директно ќе биде вклучен градоначалникот Петрески, ќе се емитува утре од 8 до 9 часот по македонско време, а граѓаните  кои користат интернет врска, можат да ја следат спомнатата емисија на интернет со кликање на овој линк: Македонско радио – Сиднеј

Ohridnews