Единственото радио во Македонија кое од самите почетоци до денес емитува само македонска народна музика, на празникот Св. Трифун одбележува јубилеј 15 години од постоењето.

На роденденската забава што ќе се одржи вечерва во хотел “Климетица”, ќе присуствуваат голем број познати естрадни уметници, меѓу кои Спасен Силјаноски, Јордан Митев, Орце Стефковски, Влатко Миладиноски ,Татјана Стефановска, Дарко Стојаноски, Дамјан Стојаноски и др., придружувани во живо од музичкиот бенд “Маестрал” од Битола.

Директорот на радио Лав Иван Пашоски, изјави дека е горд на успехот и забележителната работа сите овие години и најави дека радиото со исто темпо ќе продолжи да работи и во иднина афирмирајќи ја македонската народна музика.

OhridNews