Според партиски извори, дури 26 пратеници од досегашниот парламентарен состав од вкупно 53 воопшто не се на кандидатските листи. Додека, пак, пет до шест кандидати поранешни пратеници се со многу мали можности, поради тоа што се на последните места.
Освен носителите на листите, како што велат извори до ВМРО-ДПМНЕ, со исклучок на вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, ниеден друг министер или заменик министер не се ставени на листите. Ги нема и поголемиот дел од директорите и замениците директори во јавните претпријатија, државните секретари и другите државни функционери од партијата.
Иако беше најавувано, само тројца од актуелните градоначалници добиле покана да фигурираат на листите. Станува збор за градоначалника на скопската општина Аеродром, Ивица Коневски кој е на кандидатската листа во Изборната единица еден, додека во петката за пратеници се кандидирани градоначалниците на Битола, Владо Талески и на Прилеп, Марјан Ристески.
Од партијата велат дека на листите се наоѓаат многу личности кои имаат голема поддршка меѓу граѓаните на локално ниво.
извор :„Макфакс“