Извршниот комитет на УЕФА денеска донесе одлука за укинување на правилото за гол во гости во европските натпреварувања, почнувајќи од претстојната 2021/22 сезона.

Одлуката, како што е соопштено попладнево, ќе се применува во сите натпреварувања во организација на УЕФА во машка, женска и младинска конкуренција, почнувајќи веќе од 1. квалификациско коло во Лигата на шампиони и Конференциската лига.

Доколку две екипи имаат постигнато идентичен број на голови по вториот одигран натпревар, победникот ќе се одлучува во две продолженија од по 15 минути, а доколку резултатот остане нерешен, победникот ќе се одлучува преку изведување пенали. –  соопшти УЕФА.

Правилото според кое гол постигнат на гостински терен вреди повеќе од гол постигнат на домашен терен беше на сила во европските национални и клупски натпреварувања од 1965 година.

OhridNews