– Доволно ја гаиме традицијата со Илинденскиот пливачки маратон но треба поголема афирмација преку медиумите. Луѓето не се информирани за случувањата со малиот маратон, се се случува инциедетно затоа и нема толку гледачи како порано – рече Радиќ.
Неодамна градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески го престави проектот со кој охриѓани конечно ќе добијат затворен базен.
– Охрид е град без пливачи и за жал не гледам подобрување во блиска иднина се додека не се направи затворен базен, кој пливачите ќе го користат во зимскиот дел од годината. Многумина ни викаат дека имаме езеро и таму треба тренираат пливачите, но тоа на пливач ќе му користи три месеци, а не преку цела година – заврши Радиќ.
Изградбата на затворениот базен ќе започне на почетокот од следната година.