Ракометните супер ѕвезди во составот на Вардар го загрозија пласманот на екипата во завршницата од Лигата на шампиони по двата порази во трите натпревари од втората групна фаза.


На „црвено црните“ им се неопходни три победи во трите натпревари за да го избегнат првопласираниот од останата Ларвик, кој сезонава е главен фаворит за титулата во ЛШ:

– Знаеме дека играме лошо и за тоа сме сите свесни во екипата и заедно работиме да ги отстраниме грешките. Не смееме да дозволиме да не се бориме до крајот бидејќи во клубот се е на највисоко ниво и вистински треба да го заслужиш дресот на Вардар, а без борба сигурно не можеш. Против Динамо не наликувавме на себе и загубивме, а тоа мора да се промени и да не се повтори во иднина. – рече Јованка Радичевиќ.


Десното крило покрај лошите резултатите на стартот од втората групна фаза ЛШ верува во пласман меѓу осумте најдобри.

– Искрено верувам дека ќе ги добиеме трите мечеви во групата и ќе се пласираме во четвртфиналето. Таму ќе се бориме и за фајлнфорот во Будимпешта бидејќи нам реално таму ни е местото. – додаде црногорската репрезентативка.


Македонскиот првак во женска конкуренција на првиот тренер Индира Кастратовиќ му донесе помошник консултант во стручниот штаб што наиде на негативни реакции.

– Доаѓањето на нов тренер ќе донесе и нешто ново, но новонастанатата ситуација нам не` не поремети. Питлик е искусен тренер и се надевам дека заедно со Индира ќе донесат подобри денови за нашиот клуб. – потенцираше Радичевиќ.

Ohridnews