Во исказот изнесен пред Врховниот суд минатата недела Радески негирал дека е сериски убиец и тврдел дека признанието врз основа на кое е осуден го дал под присила. Исто така тој тврдел дека не го извршил убиството на двајца од тројцата дилери на девизи.
Според обвинението, Радески во 2006 година ги убил Раим Ракип, наредната година го лишил од живот Спиро Ставревски, а во 2008 година го убил и Трајче Цоцески, сите тројца дилери на девизи. Трите убиства биле извршени на сличен начин со употреба на тврд предмет од зад грб.
Радески слично како и во текот на судскиот процес кој се водеше во Основниот суд во Охрид, го признал само убиството над Цоцески за кое тврди дека го извршил во самоодбрана.
Лазе Радески е прв македонски граѓанин кој е осуден за сериско убиство. Чеканот со кој според судот биле убиени тројцата дилери на девизи од Охрид ќе биде изложен во Криминалистичкиот музеј на Македонија за да сведочи за првиот сериски убиец во државава.