Тренерот на Охрид Раде Стојановиќ привремено ќе биде дел од стручниот штаб во македонската ракометна селекција. Тој ќе му биде десна рака на селекторот Данило Брестовац за претстојните квалификациските натпревари против Финска и Швајцарија за пласман на Европското првенство.
За официјализирање на ангажманот во стручниот штаб, Стојановиќ треба да направи и да добие негативен исход од тестот на вирусот ковид -19.
За Стојановиќ ова ќе биде прво искуство во сениорската селекција, но нема да биде ништо ново бидејќи тој е предводник на пионерската репрезентација.
Покрај Стојановиќ во стручниот штаб на Брестовац ќе му се приклучи и Ице Соколески од Еурофарм Пелистер. Тој ќе работи со голманите.
Промените во стручниот штаб се поради мерката за самоизолација на тренерот на Пролет Никола Матлиески и позитивниот тест на тренерот на голманите Александар Царчев.
OhridNews
Извор: 24ракомет