ГРК Охрид иако е најмлад тим во Супер лигата, изминатите три сезони израсна во сериозен клуб кој рамноправно се носи со најсилните конкуренти во лигата. Целите зацртани пред моето доаѓање во клубот се исполнети, екипата постојано се надополнува со играчи од младите категории, а костурот го сочинуваат играчи од Македонија, што треба да биде правец на развој на ГРК Охрид и во иднина. Ова во разговор за Спорт+ на OhridNews го изјави тренерот на ГРК Охрид Раде Стојановиќ. Тој најави заминување од Охрид по завршување на тековната сезона, во која клубот оствари пласман во плејофот во исклучителна конкуренција, дотолку повеќе што оваа сезона во лигата од почеток играат Вардар и Еурофарм Пелистер.

Во разговор со новото раководство, беше истакнато дека јас мојот план го изработив во овие три години и за догодина најверојатно ќе дојде некој нов на мое место. Благодарен сум му на ГРК Охрид за овие три години. мислам и сигурен сум дека тоа што беше побарано од мене беше реализирано во секој поглед. На Охрид му треба да го задржи овој квалитет, костурот да биде од македонски играчи, а да се надополнува со квалитетни странски играчи кои можат да направат разлика. – изјави Стојановиќ за Спорт+.

Во разговорот Стојановиќ се осврнува на актуелната сезона, претстојните предизвици, заминувањето на Додиќ и неколкумина млади ракометари од Охрид, а зборуваме и за лигата и иднината на репрезентацијата.

Раде Стојановиќ во Спорт+

Г. Момироски