Ракометарите на Вардар ја оправдаа фаворитската улога во Охрид, славејќи триумф 23-19, во СРЦ „Билјанини Извори“, во втората рунда од плејофот во Супер лигата. „Гладијаторите“ и покрај неуспехот не се посрамотија, туку покажаа дека го немаат кажано последниот збор во плејофот.
Ракометарите на Охрид заслужуваат честитки за мотивацијата и за играта во текот на сите 60 минути. Покажавме дека сме добра и квалитетна екипа, парирајќи му на Вардар повеќе од едно полувреме. На моменти бевме одлични, што покажува дека добро сме работеле изминативе две недели. Вардар, пак, полека фаќа натпреварувачки ритам и заслужено славеше во Охрид, – изјави тренерот на Охрид, Раде Стојановиќ.
Шанса за први бодови Охрид ќе има во третата рунда, кога силите ќе ги одмери со Пролет, на гостински терен во Скопје.
OhridNews
Обновено: Охрид изгуби, но добро му парираше на Вардар (видео)