Ракометарите на Охрид со победа над Голден Арт КЛ7 и со пораз од Еурофарм Пелистер ги отворија контролните натпревари во зимскиот преоден рок. Охриѓани на дуелот со Голден Арт КЛ7 ја оправдаа улогата на фаворит, додека на македонскиот претставник во СЕХА лигата му покажаа заби, одржувајќи резултатски ритам до финишот од натпреварот.

Во двата контролни натпревари шанса добија сите ракометари, кои ги имаме во ростерот. Задоволен сум од ангажманот и желбата на ракометарите, а играта секогаш може да се подобри. Генерално се е добро во Охрид и можам да кажам дека се движиме во вистински правец.  Пофалби заслужуваат репрезентативците Никола Даниловски и Михајло Младеновиќ, кои веднаш и без поголеми проблеми се уклучија во тренажниот процес. – изјави охридскиот тренер Раде Стојановиќ.

„Гладијаторите“ нова тест средба ќе одиграат во четврток, против вториот тим на Еурофарм Пелистер. Натпреварот се игра во Битола.

OhridNews