Составот на Металург, утре, со почеток во 17 часот и 30 минути ќе игра во големото финале на завршниот турнир во Младинска конкуренција кој се одржува во Охрид. „Металурзите“ во полуфиналето ја совладаа Струга со 31-26 која пружи достоен отпор.

  • Мора да им честитам на моите ракометари, бидејќи цело време играа по моите совети. Победата и пласманот во финалето се заслужени, бидејќи не им дадовме премногу простор за игра на нашиот противник. Струга се покажа како квалитетен ривал и мислам дека одлучи поголемата ротација во нашиот состав. Наша цел уште пред турнирот беше освојување на титулата, а таа останува до крај без разлика кој ќе биде нашиот ривал во финалето. – изјави тренерот на Металург, Раде Стојановиќ.

Подобриот од вториот полуфинален меч помеѓу Охрид – КЛ7 ќе му биде ривал на Металург во финалето, додека поразениот ќе игра со Струга во малото финале.

OhridNews

Ф4: Струга без здив во финишот, Металург прв патник во финалето (фото)

Гледајте ги во живо мечевите од Ф4 во Охрид