Составот на Охрид ги запиша првите бодови во Супер лигата победувајќи го тимот на Голден Арт КЛ7 со 29-23 во првата рунда од новата сезона. „Гладијаторите“ на дуелот со дебитантот ја оправдаа улогата на фаворит и според плановите и целите го отворија ракометниот шампионат.
Раде Стојановиќ (Охрид) – Нашиот квалитет и искуство кои излегоа на виделина во првото полувреме го решија натпреварот. Во вториот дел ротиравме и заштедивме дел од силите за мечевите кои ни следат во згуснатиот распоред. Голден Арт КЛ7 е млада и перспективна екипа и допрва ќе доаѓаат резултатите кои се очекуваат.
Андон Бошковски (Голден Арт КЛ7) – Повеќе од заслужена победа на Охрид. Ние одигравме катастрофално лошо прво полувреме во кое освен грешки не видов ништо друго. Не сакам да барам алиби дека ова ни е прв натпревар, едноставно не бевме на нивото и мора да се подобриме во следните мечеви.
Никола Даниловски (Охрид) – Задоволни сме од мечот и победата. Сите одигравме максимално посветено и ангажирано во текот на целиот натпревар. На контролните натпревари имавме некои подеми и падови во играта, но тоа не беше случај на дуелот со КЛ7 и успеавме да победиме.
OhridNews
Фото: 24ракомет/Кочо Сотировски
Супер лига: Победи на Металург, Бутел Скопје, Пролет и Охрид
Обновено: Охрид подобар од Голден Арт КЛ7 за успешен старт во Супер лигата