Охридските ракометари означувајќи почеток на подготовките за новата сезона во Супер лигата. Охриѓани под водство на новиот тренер Раде Стојановиќ имаа краток состанок и мини тренинг, додека со засилено темпо со работа ќе почнат од утре.

  • Денеска со краток состанок на кој им ја соопштивме програмата на играчите ги започнавме подготовките за новата сезона во Супер лигата. Од утре (понеделник) ќе започнеме со јак интензитет и два тренинзи дневно. Имаме направено план за текот на целите подготовки и се надевам дека ќе бидеме на високо ниво за почеток на сезоната. – изјави Стојановиќ.

Целите на почетокот од сезоната е пласман во ТОП 4 и пласман во плејофот. Ракометарите на Охрид во последниве шест сезони три пати беа дел од плејофот и бележеа значајни успеси.

  • Цел на сите во екипата е да го вратиме клубот во плејофот. Имав можност да дојдам и да гледам и играм со младинската екипа на Охрид и мислам дека сите заедно ќе успееме во намерата. – потенцираше новиот тренер.

„Гладијаторите“ на 20 и 21 август ќе бидат дел од турнирот во Тузла кој се игра по повод 60 години од оформување на ракометниот клуб во градот домаќин.

  • Мој поранешен соиграч е тренер на клубот во Тузла и ме покани да учествуваме на турнирот. Тој термин многу ни одговара и добро ќе биде за екипата да се соочи со противници од други земји. – истакна Стојановиќ.

Тој додаде дека ростерот на Охрид не е затворен и клубот може да се засили со уште некој ракометар. Охрид со Струга се наоѓаат на арбитражна комисија во РФМ за услугите на Лексо Цицешливи а активно се водат преговори со неколку ракометари.

Мх.П.

Фото: Раде Стојановиќ ги построи „гладијаторите“ за старт на подготовките