Со македонската премиера на филмот „Ослободување на Скопје“ во режија на Раде Шербеџија и на Данило Шербеџија, вечерва во Битолоа ќе биде отворено 37-то издение на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“.

Годинешното издание на фестивалот „Браќа Манаки”, што традиционално се одржува под покровителство на претседателот на Република Македонија, е под мотото „Филмот започнува! Почувствувај ја светлината“.

На црвениот тепип пред во Домот на културата во Битола вечерва ќе продефилираат Раде Шербеџија, како и дел од актерската епипа на филмот. На отворањето на фестивалот  ќе се обрати Претседателот Ѓорге Иванов.

На свеченото отворање на фестивалот на Оскаровецот Џон Сил ќе му биде врачена Златна Камера 300 за животно дело.

OhridNews