Македонскиот ракометен вицепрвак по заминувањето на Петар Ангелов, во своите редови го доведе првиот голман на црногорската репрезентација, Раде Мијатовиќ (32). Искусниот црногорски интернационалец денеска потпиша едногодишен договор, со можност за уште една, дополнителна година.
Во својата кариера Мијатовиќ настапувал за српските клубови Војводина, Партизан и Црвена Звезда, а неколку години престојувал и во Шпанија, каде ги бранел боите на Толедо, Алкобендас и Антекјера. Минатата сезона ја помина во Белорусија, на голот на Динамо од Минск.
“Од Динамо Минск заминав поради завршување на договорот и поради лични причини, бидејќи сакав да бидам што поблиску до моите во Црна Гора. Имав понуди од Катар и од бундеслигашки екипи, но моја желба беше да најдам балканска екипа што игра барем во Регионалната лига. Понудата од управата на Металург ме израдува и веднаш ја прифатив. Металург изминативе сезони прикажа врвна игра, има одлични ракометари, клубот има големи амбиции и задоволство е да си негов член“, изјави за клупската веб страна, Мијатовиќ.
OhridNews
фото:РК „Металург“