Стратегот Раде Цицмиловиќ ќе ја предводи Воска Спорт во дебитанската сезона во второлигашкото друштво. 42-годишниот тренер со екипата од „Грашница“ потпиша едногодишна соработка, со опција за продолжување.
Цицмиловиќ после официјализирањето заедно со клупската управа може да ги засукаат раквите и да почнат со градењето на екипата за претстојната сезона во Втората лига. Зад името на Цицмиловиќ стојат ангажманите во Тиквеш и Беласица.
Воска Спорт по пат на бараж обезбеди пласман во Втората лига. Фудбалерите од „Грашница“ триумфираа во Третата лига, а потоа беа успешни во баражот каде заедно со Беса остварија победи над Фортуна.
Новата сезона во Втората лига би требало да стартува во втората половина од август месец.
OhridNews