Новиот радат поставен за надгледување на воените аеродроми во Швајцарија работи беспрекорно, но постои еден голем проблем. Имено, направата ги пријавува кравите како потенцијален непријател, пренесуваат швајцарските медиуми. Швајцарскиот министер за одбрана Ули Маурер изјавил дека радарот пријавува се што се случува во рамнините и планините, и кога кравата се шета на повисоките места, радарот животното ко идентификува како непријател.

 

Швајцарската армија навела дека новиот радат, купен од една германска фирма, е во фаза на тестирање, и дека ќе биде пуштен во употреба во 2020 година, наместо следната поради проблемите со кравите. Медиумите објавиле дека и Германија, која користи слични радарски системи, имала исти проблеми. Швајцарија новите радари ги платила 279 милиони евра.