Управата на Зоолошката градина во Куширу, Јапонија, довела мажјак-поларна мечка за да се пари со локалната женка. Меѓутоа, плановите и пропаднале кога сфатиле дека донеле уште една женка.

Една од вработените во зоолошката градина, Масако Иноу, рекла дека мечокот, тежок 200 кг, складно живее со мечката од дента кога го донеле, поточно од месец јуни.


-Мислевме дека се работи за мажјак…Но, еден ден сфативме дека уринираат на ист начин па се запрашавме како е можно мажјакот да се однесува на таков начин – додала Масако.

По две анализи на ДНК примероци и “рачни анализи“ утврдено е дека всушност се работи за женка. Не е необично да се дојде до забуна околу половите на мечките, посебно ако влакната им се долги и ако се млади. Оваа мечка ја регистрирале како мажјак кога имала три месеци.