Охрид е побогат за новиот дизајнерски бренд „ЕЈСИ“ кој рачно изработува мебел и уникатни декорации. Креативните производи на „ЕЈСИ“, неодамна беа промовирани во центарот за култура „Григор Прличев“.
На промоцијата беа претставени повеќе модели на фотелји за деца и возрасни во разни дезени и форми, како и декоративни перници. Посебно внимание привлекуваат удобните „beanbag“ фотелји во повеќе варијанти со креативен дизајн и ведри бои.
Производите на дизајнерски бренд „ЕЈСИ“ се изработени од квалитетен мек материјал, кој овозможува комфор и уживање во секој дел од домот, а нуди и решенија за летни тераси и друг простор на отворено.
-ЕЈСИ е нов дизајнерски бренд кој нуди поинаков начин на секојдневно живеење, алтернативни рачно изработени решенија со врвен квалитет, уникатни парчиња со повеќе функции и форми и акцент на естетиката и свежината, но пред се удобноста и ергономичноста на производите. – велат од компанијата.
Производите на „ЕЈСИ“ можат да се купат и онлајн со специјални попусти до 30 проценти, а испораката се врши до адреса во сите населени места во Македонија.
Информации и контакт за новиот дизајнерски бренд „ЕЈСИ“ засега можат да се најдат на Facebook, а наскоро комплетната понуда ќе биде достапна онлајн на специјализирана веб страница.
OhridNews