Францускиот производител “Manufacture Royale” ќе понуди пред најмоќните купувачи рачен часовник „Опера“, кој изгледа и и звучи како да е од бајките. А таква е и неговата цена, еден милион и двесте илјади долари. Тој се отвара како хармоника, а стрелката која ги покажува минутите свири еден, а онаа која ги покажува часовите друг тон.
Часовникот се состои од вкупно 319 запчаници и други делови, направени од 18-каратно розе и сиво злато. Во него се вградени сафири, а ременот е направен од таканаречена Мисисипи крокодилска кожа. Ни кутијата во која е сместен не е обична. Таа е изработена од дрво и претставува репродукција на париската оперска куќа Бастилја. Иако повеќе потсеќа на играчка, отколку на вистински часовник, не се сомневаат дека ќе се најде на рацете на богаташите. Ќе биде изработен само во 12 примероци.