Рачниот часовник со златно ремче од марката „Патек Филип“ бил продаден по рекордна цена од 5,7 милиони долари, на една аукција во Швајцарија. Станува збор за највисоката цена постигната во аукциската куќа за некој рачен часовник, како и рекордна цена за рачен часовник со златно ремче.
Претставниците на аукциската куќа „Кристи“ соопштиле дека часовникот произведен во 1943 година го купил еден приватен музеј од Швајцарија, но одбиле да кажат за кој музеј станува збор. Аукцијата била одржана во Женева.