Работниците кои помагаат на сетот во Лондон добиле упатства како да се однесуваат спрема Мила Кунис . Продуцентите им забраниле да разговараат со неа а не смеат ниту да ја гледаат.
Актерката моментално во Лондон го снима филмот “Jupiter Ascending”. Со актерката од Лос Анџелес во Лондон привремено се преселило и нејзиното момче Ештон Качер. Додека Мила е на сетот Ештон се занимава со достава на мебел во куќата која ја изнајмиле.
Актерот се одлучил привремено да се одсели од Лос Анџелес после лошите критики кои ги добил за улогата во филмот за основачот на Ејпл и моментално е во потрага за нови ангажмани.