Градежни работници во еден парк на југот од Шпанија пронајдоа 600 килограми стари римски монети, за што експертите дале оценка како станува збор за единствено историско откритие. Археолошкиот музеј во Севиља соопшти дека работници кое поставувале цевки во паркот дошле до 19 амфори со повеќе илјади некористени бронзени и сребрени монети кои датираат од крајот на четвртиот век. Се верува дека монетите биле исковани токму во тоа време, како и дека биле сочувани за плати на војниците или државните службеници. Директорката на музејот Ана Наваро изјавил дека откритието во јужниот град Томарес, во близина на Севиља е единствено за Шпанија и од неверојатна вредност.

 

Таа изјави дека официјалните лица на музејот ги контактирале колегите во Велика Британија, Франција и Италија, додавајќи дека по се изгледа откритието е едно од најзначајните од тој период. Регионалните власти соопштија дека се сопрени градежните работи во паркот додека археолозите го истражуваат теренот. Десет глинени ќупови се пронајдени на длабочина од нешто повеќе од еден метар под земјата. Наваро изјави дека на монетите кои досега се прегледани се наоѓаат портрети на импараторите Константин и Максимилијан. Музејот соопшти дека досега немал слични монети во својата колекција. Римјаните почнаа да ја освојуваат Шпанија во 218 година пред нашата ера, а на тоа подрачје владееја до петтиот век, односно до падот на царството.