Составот на Еурофарм Работник против Охрид во петок на домашен терен во 18 и 30 часот ќе ги брка првите бодови на табелата во Супер лигата.


Авантурата во елитата, дебитантот ја започна со пораз од Пелистер во градската пресметка која го изначи почетокот на новата сезона.

– Напорно работиме цела оваа недела да ги отстраниме недостатоците од првиот натпревар против Пелистер. Не успеавме да го наметнеме нашето најсилно оружје, а тоа е полуконтранападот и контранападот. Верувам дека против Охрид ќе го видиме нашето вистинско издание. Играме повторно дерби натпревар против екипа која има високи амбиции и оваа сезона. Со нив се сретнавме на турнирот во Прилеп и ги победивме, но овој натревар ќе биде многу потежок. – рече Александар Зарков на пресконференција пред мечот со Охрид.


Еден од подобрите поединци во тимот на Еурофарм Работник во првиот натпревар крилото, Серџо Барош даде свое видување за мечот кој престои. – Играме дерби натпревар, знаеме дека против себе имаме квалитетна екипа, но тоа ме мотивира уште повеќе. За разлика од Портуталија, тука се игра многу пофизички, но задоволен сум што гледам ваков амбиент, луѓето зборуваат само за ракометот и убеден сум дека го направив вистинскиот избор.

„Гладијаторите“ ги запишаа првите бодови на табелата сезонава победувајќи го подмладениот состав на Работнички во Скопје.

OhridNews