Клубот Работник предводен од Иван Маркоски и Александар Зарков сезонава која доаѓа ќе се натпреварува со најдобрите екипи од Македонија во Супер лигата.
Работник кој како првопласирана екипа во Првата лига обезбеди учество во елитата е најактивен во летниот преоден рок. Битолскиот клуб доведе шест играчи кои ќе треба да го направат тимот конкурентен во однос на другите екипи.
Во клубот пристигнаа Градими Чаневски и Филип Чурлевски од Вардар Јунир, екс играчот на Охрид, Мите Караиванов, интернационалците Милан Филиќ и Ашраф Адли и како последно засилување беше промовирано десното крило, Златко Мојсоски.
До почетокот на подготовките за новата сезона остануваат уште месец дена, а исто толку и до почетокот на новата сезона која според екипите учесничките ќе биде многу возбудлива.
OhridNews