Фудбалерите на Работнички Кометал вечерва(21:00ч.) во Англија го играат реванш натпреварот од Купоот на УЕФА потив премиерлигашот Болтон кој има активен резултат од првиот натпревар во Скопје кој заврши 1:1.

Победникот од двомечот ќе обезбеди пласман во натпреварите по групи.

Иако Болтон е на дното на табелата во Премиерлигата, англичаните важат за фаворити во натпреварот. Од друга страна Работнички нема што да загуби, па се очекува романтичарите барем да се обидат да направат подвиг и да стигнат до историски пласман во купот на УЕФА.

Г.М.