Кошаркарите на Работнички го освоија трофејот во Купот на Македонија победувајќи на завршниот турнир, кој викендов се одржа во Гевгелија. „Црвено белите“ во финалето ја совладаа Блокотехна со 85-71 (22-17, 23-32, 20-10, 20-12).

Првата четвртина од финалниот натпревар му припадна на Работнички кој поведе со 22-17. Во вториот квартал Блокотехна комплетно го сврте резултатот и на одмор замина со четири позитива (49-45).

Одлуката за титулата падна во третата и четвртата четвртина во која Работнички одигра маестрална кошарка. Третиот период им припадна со 20-10, а решавачкиот 20-12 за убедлива победа и нова титула.

Чавдар Костов кој беше избран за најдобар кошаркар на турнирот мечот го заврши со 25 поени, а после него на листата на стрелци следуваше Димитар Караџовски кој  реализираше 18 кошеви. Во тимот на Блокотехна, Кенет Фундерберг застана на 24 поени.

Во женска конкуренција триумфираа кошаркарите на Вардар. Во финалето подобри беа од Бадел со 50-40.

OhridNews