Актуелниот освојувачот на Купот на Македонија, екипата на Работнички подготовките за евромечевите ќе ги започне во Охрид.
Романтичарите кои ќе допатуваат в недела ќе останат седум дена, а потоа се селат во Србија, каде ќе одиграат неколку контролни натпревари.
Веќе се договорени
тестови со новосадскиот прволигаш Војводина (Н, Сад), сараевска
Славија, а во план е и натпревар со првакот на Србија, Партизан.
На 2 Јули на националната арена “Филип Втори“ Работнички ќе му биде домаќин на првакот на Бугарија, Левски со кого ќе одигра пријателски натпревар.
Овој тест е дел од подготвките на двете екипи во евро-куповите во новата сезона, бугарите во квалификациите за Лигата на шампионите, а “романтичарите” во првото издание на новоформираната УЕФА Евро лига.
Работнички во УЕФА Евро лигата ќе стартува од 2. квалификциско коло, а своите први противници ќе ги дознае на ждрепката на 22 јуни во Нион, кога ќе се влечат двојките за првите две кола во Лигата на шампионите и Евро лигата.
ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com