Падна и “Јасмин“. Со победничка песна од Кавадарци се враќа најтрофејниот македонски тим, Работнички, кој со 72-68 го совлада Фени Индустри. Скопјани ја прекинаа низата од 18 победи на Фени и се изборија за израмнување на полуфиналната серија на 1:1.
 
Во второто полуфинале, бранителот на трофејот Струмица 2005 со побед ај аотвори серијата подобар од три совладувајќи го МЗТ ФОН Универзитет со убедливи 96:72.
 
Вторите натпревари ќе се одиграат во сабота, во Скопје, во „Градски парк“, односно „Јане Сандански“.

ohridnews