Најтрофејниот кошаркарски колектив во Македонија, Работнички триумфираше во дербито од третата рунда во Супер лигата победувајќи го Фени Индустри со 81-73.


Избраниците на тренерот Емил Рајковиќ им се реваншираа на кошаркарите од Фени Индустри за неодамнешната елиминација во Купот на Македонија.

“Градските момчиња“ констатно имаа предност во текот на мечот, а кавадарчани во многу наврати стигнуваа до мала разлика, но немаа сила за пресврт.

Најпрецизен во победничкиот состав беше Ненад Зивчевиќ со 20 поени, 19 кошеви постигна Абукар, а 15 пати погоди Јелесивиеќ. Дарко Соколов во 17 поени беше најефикасен во таборот на Фени.

Резултати : Фени Индустри – Работнички 83-91, Куманово – Кожув , МЗТ Скопје – Лирија 93-85.

Мх.П.