Идентичен 2-0 пораз за македонскиот Работнички во реванш мечот против англискиот гигант Ливерпул. На легендарниот “Енфилд“ романтичарите против себе имаа еден сосема поинаков Ливерпул , наспроти оној од пред седум дена.
Во тимот на “црвените“ се вратија англиските репрезентативци Жерард, Карагер, Џонсон, а свое деби имаше и новајлијата Џо Кол. Рој Хоџсон имаше дебитантски триумф на клупата на Ливерпул на својот стадион.
Н`гог продолжи онаму каде застана во Скопје, отварајќи го резултатот, додека капитенот Џерард по направениот пенал над Н` гог, стрелаше прецизно за конечни 2-0.