За Амак ова е втор пораз во серија во “Билјанини Извори“ трет воопшто сезонава.
– Работнички заслужено победи, одлучија нијанси но и неизедначениот судиски критериум. Мака мачевме со играта во нападот кој не течеше онака како што очекувавме – рече Лазовски по заршувањето на натпреварот.
“Шпедитерите“ во поголемиот дел од мечот беа во предност, а разликата на моменти изнесуваше и до 11 поени. Натпреварот помина во шутерски ритам, а запаметаена ќе остане третата четвртина во која беа постигнати девет тројки, пет на домашните и четири на гостите.
Одлучувачка во триумфот на скопјани беше серијата (8-0) на Тони Симиќ во финишот на последниот период. Војдан Стојаноски со 25 п беше најефикасниот во охридскиот тим и на теренот, но сепак недоволно да се совлада Работнички каде доминираше тандемот Тасовски 21 п и Симиќ 18 .
– Оваа победа е голема од психички аспект. Нашата екипа имаше голема желба да стигне до победата. Првиот дел го одигравме со десет кошаркари кои ротираа, додека во одлучувачките моменти се потпрев на оние на кој најмногу им верувам – рече стратегот на Работнички, Марин Докузовски.
По овај триумф „шпедитерите“ ќе се зацврстат на второто место, а го израмнија и меѓусебниот билансосо охриѓани на 1-1.