Македонскиот фудбал во името на Работнички има свој преставник во најдобрите 200 клуба во фудбалска Европа за годината што измина.
„Романтичарите“ со 2 109 бодови се наоѓаат на 140-та позиција пред клубови како Милан, Саутемптон, Панатинаикос, ФК Копенхаген, Малме и Брондби.
Позицијата меѓу најдобрите на стариот континент скопскиот клуб ја обезбеди со блескавите настапи во Лигата на Европа каде стигна до последната фаза во квалификациите.
Најдобар фудбалски клуб во светот за 2015, е европскиот и светски клупски првак Барселона, а на втората и третата позиција се италијанските клубови Јувентус и Наполи.
Меѓу првите десет се наоѓаат и Баерн Минхен, ПСЖ, Реал Мадрид, Индепендиенте Санта Фе, Фиорентина, Ривер Плата и Волфсбург.
Најдобар клуб од Балканот е Динамо Загреб, кој на ова рангирање на ИФФХС се најде на 26.позиција.
Ohridnews