Фершпед Работнички го совлада Фени Индустри во Кавадарци со 66-63 во првиот натпревар од финалната серија за титулата.

Шпедитерите направија брејк и поведоа со 1-0 во серијата “подобар од седум“,во најлош момент “лозарите“ го претрпеа првиот пораз сезонава на домашен терен.

Натпреварот во целиот свој тек беше израмнат, а го одбележаа серијата промашувања на двете страни.

Најефикасен на мечот беше Тасовски со 13 поени, додека 11 постигна Филиповиќ. Американецот Кол беше единствениот кај домашните кој го заврши мечот со двоцифрен борј на поени 11.

Вториот натпревар во финалната серија се игра в недела во 20.15 минути.

М.П.