Фудбалерите на Работнички забележаа нова победа во контролните мечеви на подготовките во Охрид, совладувајќи го охридскиот фудбалски клуб со 2-0 (2-0), на СРЦ „Билјанини Извори“.

„Романтичарите“ отпорот на „рибарите“ го скршија во финишот од првиот дел, постигнувајќи два брзи погодоци. До тогаш, охриѓани, беа рамноправен ривал и добро му парираа на прволигашот од Скопје. Резултатот го отвори Стојковски а водството го дуплираше Станковски.

Работнички нов меч на подготвките во Охрид ќе одигра на 27 јули (вторник) против Гнилане од Косово, додека охридските „сино бели“ силите ќе ги одмерат со Караорман, на 28 јули во среда.

 

OhridNews