Екипата на Работнички го освои трофејот во Купот на Македонија. „Романтичарите“ во финалето го совладаа Металург со 2-0 и стигнаа до третиот куп пехар.
„Црвено белите“ постигнаа по еден погодок во двете полувремиња, а во голема мера работата им ја олесни Пеев, кој заработи црвен картон во 30-та минута.
За тимот од Дебар Мааоло настапи и охриѓанецот Кире Маркоски, кој во 60-та минута влезе на местото од Баже Илијоски.
Фото : Екипа.мк
Мх.П.