Македонскиот шампион Работнички К ќе влезе како носител во 1. квалификациско коло од натпреварите во Лигата на шампионите. Останататите наши претставници во Купот на УЕФА, Пелистер и Милано поради аутсајдерскиот статус  ќе треба добро да се “испотат“ за да бидат дел од второто квалификациско коло.

Во првото коло од квалификациите во ЛШ, Работнички К името на противникот ќе го бара меѓу Бате Борисов (Белорусија), Левадија (Естонија), Олимпик Баку (Азербејџан), Динамо Тирана (Албанија), Пјуник (Ерменија), Актобе (Казахстан), Линфилд (С. Ирска), Ланели (Велс), Рунавик (Ф. острови), Дуделанж (Луксембург), Валета (Малта), Санта Колома (Андора), Будуќност (Ц. Гора) и претставникот на Сан Марино.

Пелистер и Милано во Купот на УЕФА во Јужно-медитеранската група во првото квалификациско коло ќе очекуваат противник од групата на носители: Хапоел Тел Авив (Израел), Локомотив Софија (Бугарија), Хајдук и Славен Белупо (Хрватска), Војводина и Земун (Србија), АПОЕЛ и Омонија (Кипар) и Копер и Интерблок (Словенија).

Ждрепката за натпреварите од ЛШ и Купот на УЕФА е на 27 јуни. Првите натпревари од 1. коло во ЛШ е на 15/16 јули, додека во Купот на УЕФА на 17 јули.

ohridnews