Тимот на Работнички е најскапиот тим во Првата Македонска фудбалска лига според германскиот
transfermarkt.de
И покрај тоа што “романтичарите“ се на деветата позиција на прволигшката табела тимот кој во моментов е без тренер тежи 6.825.000 евра. Секако дека оваа позиција ќе претпре корекција бидејќи “највредниот“ играч на тимот од Дебар Маало, голманот Столе Димитриевски го напушти клубот и замина во италијанскиот Удинесе.
Втор според проценката е лидерот Вардар чиј фудбалски потенцијал “тежи“ 5.775.000 € , а по него следуваат Шкендија, Металург, додека охридскиот лигаш е на делба на последната позиција со Тетекс, а тимот се проценува на 2.675.000 €.
Најскап фудбалер е Ферхан Хасани кој вреди 650 илјади евра,но репрезентативецот веќе направи трансфер во Волфсбург, а висината на трансферот не беше обелоденета.
Сепак листата онаква каква што е во моментов мора да претпри одредени корекции бидејќи неколку фудбалери во зимскиот преоден рок ги променаа клупските бои.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com