Фудбалскиот клуб Работнички од Скопје го потврди доаѓањето на подготовки во Охрид. Екипата покрај охридското крајбрежје ќе помине седум дена во кои ќе тренира по два пати на ден во полна пареа.
„Романтичарите“ на својот офијален сајт информираат дека во Охрид ќе одиграат контролен тест со битолски Пелистер кој е повратник во елитата.
Работнички подготовките во Охрид ќе ги започне в недела на 12 јули.
Новата сезона во Првата лига започнува на 9 август.
OhridNews