Бразилецот Фиљо беше главната фигура во победата и пласманот на Работнички во третото квалификациско коло од Лигата Европа.

Фиљо на два пати погоди, еднаш му асистираше на Божиноски, додека во победата од 4-2 ја комплетираше Петровски кој во финишот на мечот заработи црвен картон.

Работнички во наредното трето коло ќе игра против данскиот Оденсе.