Бранителот на трофејот Работнички и актуелниот лидер во шампионатот Македонија ЃП ќе се судрат во финалето од најмасовното фудбалско натпреварување кај нас, националниот куп.

Двете скопски екипи претрпеа порази во реванш мечевите, но благодарение на победите од првите натпревари одат во финалето.

Шкендија во Тетово уште во петтата минута поведе со голот на Хасан , но до крајот не успеаја да постигнат уште еден гол кој би ги одвел во финалето. Во Куманово Гешовски погоди за Милано но недоволно за елиминација на “лавовите“.

Резултати:
Шкендија – Работнички 1-0 (прв натпревар 1-3)
Милано – Македонија ЃП 1-0 (прв натпревар 0-2)

Финалето се игра на 24 Мај.

М.П.