Актуелниот фудбалски вицешампион Работнички Кометал се најде на 107 место на светската листа на најдобри клубови што ја изготвува Интернационалната федерација за фудбалска статистика.
Работнички е најдобриот македонски фудбалски тим за 2007 година, со коефициент на успешност 112. Романтичарите се единствениот македонски тим кој се најде во најдобрите 350 клубови.
Најдобар светски тим за минатата година е шпанска Севиља, додека второто место му припадна на тимот на Манчестер Ј. додека европскиот и светски клупски шампион Милан е на третото место.
ohridnews