Куп освојувачот Работнички има активни 1-1 во пресрет на реванш мечот денеска против Ирскиот Крусејдерс и е единствениот македонски преставник кој има шанси да мине во наредната квалфикациска рунда во фудбалската Лига Европа.

Без стратегот Стратев на клупата кој заработи казна од 1000 евра и еден меч суспензија поради исклучувањато на гости, романтичарите ќе бркаат победа или пак реми без голови кое би ги одвело на двомеч со данскиот Оденсе.

Натпреварот кој се игра на арената Филип Втори започнува во 17 часот со директен пренос на А1.

М.П.