Македонскиот куп освојувач Работнички ремизираше 1-1 на гостувањето во С.Ирска против Крусадерс во првиот натпревар од второто квалификациско коло во Лигата Европа.

Раомантичарите преку Божиноски стигнале до предност, која успешно ја чувале се деведесетата минута кога тимот на Крусејдерс преку Рејни изедначил на 1:1.

Од 66 минута “романтичарите“ имале играч повеќе, додека пак во 88 минута домаќините не реализирале пенал по прекршокот и исклучувањето на голманот Наумоски.

Реванш мечот се игра 23 јули во Скопје.