Екипите на Работнички и Ренова кои се на подготовки во Охрид, како и тимовите на Македонија ЃП и Милано денеска ќе ги дознаат своите противници во евро-куповите.

Во централата на Европската фудбалска федерација, Нион, ќе биде извршена ждрепката за првите две кола од квалификациите за Лигата на шампиони и новоформирата УЕФА Евро лига.

Шампионот Македонија ЃП, ќе стартува од вториот круг на квалификаците, а поради послабиот рејтинг не се наоѓа во групата на носителите. Во Европската лига ќе не претставуваат победникот на националниот куп Работнички и вториот и третиот на табелата во изминатата сезона – Милано и Ренова. “Романтичарите”, како и кумановци, во натпреварите ќе се вклучат од второто коло, додека тимот од Џепчиште борбите ќе ги почне од самиот старт.

ohridnews