Бранителот на титулата Работнички го победи Фени Индустри со 87-75 во првата дерби пресметка сезонава. Во репризата од минатогодишното финале скопјани отпорот на гостите го скршија во последната четвртина која ја добија со 28-15.


Чековски со 26 поени и Мираковски со 17 го предводеа Работнички до триумфот над големиот противник. Во наредното коло кое се игра викендов Работнички му гостува на Амак СП. Натпреварот ќе се игра во Скопје.