Охридскиот Амак СП го претрпе првиот пораз во овогодинешната Суперлига, откако на гостувањето во Скопје беше поразен од Ф.Работнички со 98-87. По овај пораз охриѓани заостануваат четири бода зад водечките Фени и Работнички. Шпедитерите со оваа победа поведоа со 2-1 во меѓусебните пресметки.


На останатите два натпревари во ова второ коло од суперлигата Фени го совлада МЗТ со 90:69, додека Пелистер славеше во дуелот против Овче Поле со 92:74.

М.П.